дома Социјални Мрежи АНТОНИО МИЛОШОСКИ ПОД ЗАКАНА: Баба ми ми кажа ако гласаш “главата нема...

АНТОНИО МИЛОШОСКИ ПОД ЗАКАНА: Баба ми ми кажа ако гласаш “главата нема да си ја најдеш на рамена” – бара заштита од Јоханес Хан!

Повикот на еврокомесарот Хан, пратениците на ВМРО – ДПМНЕ да пријават притисок кој ги запира да гласаат за уставни промени наиде на реакција.


Прв се јави поранешниот министер за надвореши работи на Македонија, актуелен пратеник и претседател на Собраниската комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски.

Милошоски се огласи на повикот на Хан и бара од Европската Унија како и што ветиле, да му озбеди заштита бидејќи имал голем притисок, уцени и закани да не гласа за уставните измени.

Милошоски преку твитер ја посочи и особата. Тоа е неговата баба која ако гласа за уставните измени му се заканила со зборовите: “главата нема да си ја најдеш на рамена”.

Еврокомесарот Хан нема одговорено на барањето за заштита на Милошоски, па се очекува министерот Спасовски да обезбеди дополнителна заштита од неговата баба, по јавно упатената закана по неговиот живот, а се со цел да даде поддршка на уставните измени.