дома Македонија ВООРУЖЕН ИНЦИДЕНТ НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: Војници на АРМ отвориле оган во...

ВООРУЖЕН ИНЦИДЕНТ НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!

Попладнево околу 19.30 часот во близина на граничниот премин Богородица – Евзони помеѓу Р.Македонија и Р.Грција дошло до краток инцидент во кој припадници на АРМ истрелале неколку рафали во воздух, во обид да одвратат поголема група на нелегални мигранти да влезат на Македонска територија

 

 

Како што дознаваме, при редовна патрола на АРМ на граничната линија со Р.Грција, во близина на мигрантскиот камп кај Гевгелија дошло до помал инцидент во кој војниците на АРМ биле приморани да отворат оган во воздух, за да одвратат поголема група на мигранти да влезат на маекдонска територија.

Поголема група од 15-20 мигранти се повлекла назад на територија на Грција, додека петмина мигранти биле уапсени на Македоска територија.