дома Свет Балkaнизациja на CAД – дали ова е кpajoт?: Најнова анкета на која...

Балkaнизациja на CAД – дали ова е кpajoт?: Најнова анкета на која голем дел од граѓаните поддржуваат подeлбa на државата

Две третини од јужнаците републиканци велат дека поддржуваат отцепување од САД и формирање сопствена земја со блиските држави, додека скоро половина од демократите на западниот брег би го сториле истото.

66% мнозинство републиканци во 13 јужни држави, вклучувајќи ги Тексас и Флорида се за одвојување од Унијата, според анкетата објавена во средата од Брајт лајн воч, половина од сите анкетирани независни на Југот се согласија, додека само 20% од јужнаците демократи сакаат отцепување.

Поддршката за поделба на САД достигна 47 проценти кај демократите во Калифорнија, Орегон, Вашингтон, Алјаска и Хаваи. Една третина од независните на Западниот брег или 33 проценти беа се за сецесија, заедно со 27 проценти од републиканците на западниот брег.

Поддршката значително се зголеми на анкетите откако истото прашање беше поставено на анкетата на „Брајт лајн воч“ во

Аналитичарот на податоци Кристофер Инграхам ги опиша резултатите од анкетата како „највознемирувачката аналитика“ која неодамна ја видел на Твитер. Во објава на својот билтен Substack, Инграхам истакна дека многу од оние кои изразија поддршка за отцепување може да изразат поддршка за да укажат на партиска лојалност, наместо поддршка за потенцијална нова граѓанска војна. Во Фебруари, само 50 проценти од јужните републиканци сакаа да ја напуштат унијата – 16 проценти помалку од сегашната бројка. Зголемување од 6 проценти на поддршката за отцепување се случи кај демократите на западниот брег.

Извор: Њузвик