дома Европа Ден на жaлост во Белгија откако поплавите однесоа над 20 животи

Ден на жaлост во Белгија откако поплавите однесоа над 20 животи

Поради поплавите што ја зафатија Белгија оваа недела и кои до сега однесоа најмалку 23 животи, Владата прогласи ден на жалост на 20 јули, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова го најави денеска Владата на вонредна прес-конференција.

Дваесетти јули е денот пред националниот празник на Белгија, која на 21 јули секоја година го одбележува своето постоење како независна држава, со паради и присуство на кралската фамилија.

Комеморациите оваа година ќе бидат сведени на минимум, најави Владата, и ќе се одвиваат под знакот на сеќавање на жртвите од поплавите.