дома Свет Бајден сака продолжување на договорот СТАРТ со Русија

Бајден сака продолжување на договорот СТАРТ со Русија

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден ќе побара продолжување на новиот договор СТАРТ за стратешко оружје со Русија и ќе одлучи колку долго ќе трае продолжувањето, изјави главниот кандидат за иден државен секретар на САД, Ентони Блинкен.

– Ќе побараме продолжување. Бајден, како претседател, ќе треба да одлучи колку долго ќе трае новиот договор. Постои опција да се побара продолжување за период што е нешто помалку од максималниот рок од пет години, како што е дозволено со сегашниот договор, рече Блинкен.

Пред изборите, претседателот во заминување Доналд Трамп одби да потпише договор со Русија за продолжување на договорот СТАРТ, што истекува на 5 февруари.