дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Видео) Тoa е тoa: Kинeзитe ce MAШИНИ – 3aпoчнaтa e изгpaдбa нa...

(Видео) Тoa е тoa: Kинeзитe ce MAШИНИ – 3aпoчнaтa e изгpaдбa нa oгpoмeн кaмп зa кapaнтин кoj ќe мoжe дa пpими нaд 4 илjaди лyѓe

Кина забрзано гради огромен камп за карантин кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-Ен-Ен.

Десетици милиони луѓе во Кина се наоѓаат под строга блокада поради зголемениот број на случаи на коронавирус на почетокот на месецот.

Кампот се наоѓа на периферијата на Шијажуанг, главниот град на провинцијата Хебеи што го опкружува Пекинг.

Кина во голема мерка го запре ширењето на вирусот, а голем дел од земјата се врати во нормала. Сепак, големиот пораст на случаите во последните недели ги алармираше властите.

Во новиот камп ќе бидат сместени блиски контакти на заразените, а властите, во меѓувреме, продолжуваат да спроведуваат обемна програма за лоцирање и тестирање на контактите.

„Првично беше планирано кампот да прими 3.000 луѓе, но проектот е проширен на 4.160 луѓе. Повеќе од 4.000 градежни работници ја завршија првата фаза за шест дена и ноќи“, потврди заменик-градоначалникот на Шијажуанг, Менг Ксијангонг.

Властите започнаа со изградба на 13 јануари. Секоја монтажна просторија има површина од 18 квадратни метри, и има сопствен тоалет и туш, маса, стол, кревет, Wi-Fi и телевизор.

Вчера во Кина беа потврдени 103 нови случаи и 58 асимптоматски случаи, кои се бројат одделно. Минатата среда почина пациент во Хебеи што беше прв смртен случај во Кина поврзан со Ковид-19 во последните 242 дена.

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Кина сега е 88.557, додека официјалниот број на починати е 4.635.