дома КОВИД-19 (Коронавирус) Човек вo САД минaл тpи мeceци нa aepoдpoм пopaди cтpaв oд кopoнaвиpycoт

Човек вo САД минaл тpи мeceци нa aepoдpoм пopaди cтpaв oд кopoнaвиpycoт

Полицијата на аеродромот во Чикаго уапсила човек што поминал три месеци во обезбеден дел од аеродромот.

Како што изјавил, тој тоа го сторил од страв да не патува со авион среде епидемијата на коронавирусот.

Адита Синг (36) целосно незабележан престојувал во делот на аеродромот за меѓународен сообраќај, а бил уапсен дури кога полицијата го легитимирала, објавило Обвинителството, а пренесува „Хина“.

Додека му ги проверувале документите, тој на полицијата ѝ покажал картичка на која пишувало дека е менаџер на аеродромот. Вистинскиот сопственик на картичката пријавил дека го изгубил документот во октомври.

Синг ја пронашол картичката на аеродромот, каде што останал подолго од предвиденото затоа што наводно се плашел да влезе во авион и да се врати дома поради вирусот.

Синг живее во предградијата на Лос Анџелес и нема криминално досие. Засега не е познато дали има некоја подлабока заднина поради која тој останал во Чикаго.

Обвинет е за упад во забранета зона на аеродромот и кражба на документ за идентификација.