дома Македонија „БЛЕСКААТ“: Учениците учат од партал учебници

„БЛЕСКААТ“: Учениците учат од партал учебници

Револтирани родители на ученици од Прилеп до нашата редакција испратија фотографии од учебниците кои на почетокот од школската година ги добиле нивните деца, пренесува Маркукуле.

Од фотографиите се гледа дека учебниците се во катастрофална состојба, а родителите велат дека од нив не може да се учи.

Проектот со бесплатни учебниви во основните и средните училишта започна во 2008 година, а го воведе тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според тоа што ни го пренесуваат родителите, состојбата со учебниците е слична во речиси сите училишта и дека оваа година се немаат набавено нови.