дома Македонија ЧУДO: Фудбалот и бopбата пpoтив зависнocтите спои Македонци и Грци во Бугарија

ЧУДO: Фудбалот и бopбата пpoтив зависнocтите спои Македонци и Грци во Бугарија

Екипите на ХОПС од Македонија и Кетеа од Грција со заедничка фотографија од фудбалскиот терен во Софија, покрај спортското натпреварување и соработката во бopбата со зависностите, промовираа пријателство и мултикултурно разбирање.

Ова е легендата под несекојдневната фотографија од Националната фудбалска база „Бојана“ на Бугарската фудбалска федерација, каде што минатиов викенд се одржа шестото издание на турнирот наречен „6:0 за луѓето против зависностите“.

Покрај тимовите од Македонија и од Грција, настапија и екипи од Русија, Украина, Словачка и од домаќинот Бугарија.