дома Временска Прогноза БЛОКИРАН АВТОПАТОТ КУМАНОВО-СВ.НИКОЛЕ: Натчовечки напори на Македонија Пат да се одржат проодни...

БЛОКИРАН АВТОПАТОТ КУМАНОВО-СВ.НИКОЛЕ: Натчовечки напори на Македонија Пат да се одржат проодни сите делници во Македонија!

Последна вест од АМСМ е дека патниот правец Куманово – Св.Николе и обратно е во прекин за сите видови возила. На коловозот има возила и се работи на расчистување на патот.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

Забрани за тешки товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, како и на патните правци Маврово – Дебар и Кочани – г. п. Делчево сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.

Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонија пат, информираат од АМСМ.