дома Македонија ЧЕСТИТКИ ОД ЕДИ РАМА: Албанскиот премиер им честиташе на лидерите на албанските...

ЧЕСТИТКИ ОД ЕДИ РАМА: Албанскиот премиер им честиташе на лидерите на албанските партии од Македонија!

Заедничката платформа на албанските партии во Македонија која што беше објавена денеска, прв ја поздрави премиерот на Албанија, Еди Рама.

Оценката на Рама е дека заедничката платформа на албанските политички лидери во Македонија за преговорите за формирање на македонска влада е историска.

„Историски чекор за изразување на волјата на Албанците во Македонија.За правата на Албанците, а не преговори за владини фотелји“, напиша Рама на својот фејсбук профил.

Лидерите на албанските партии во Македонија токму кај Рама беа двапати на разговори, а потоа и кај косовскиот претседател Хашим Тачи. Од тие разговори произлезе заедничката платформа на албанските партии во земјава од која влат, нема да отстапат без оглед со кого ќе се преговара за нова влада.