дома Временска Прогноза ПОЛАРНА ЗИМА ВО МАКЕДОНИЈА: Утре температуи пониски и од -22 степени!

ПОЛАРНА ЗИМА ВО МАКЕДОНИЈА: Утре температуи пониски и од -22 степени!

Продолжува променливото облачно и многу студено време со засилен северен ветер и температура која утре наутро ќе се спушти до минус 22 степени.

Според УХМР, најстудено ќе биде во Берово и Маврово со минус 22, Демир Капија минус 21, Битола минус 20, Прилеп минус 19, Тетово минус 18, Скопје минус 17, Штип и Струмица минус 16, Охрид минус 15 и Гевгелија минус 11. Темепратурите и во текот на денот ќе останат ниски под нулата и ќе се движат од минус 12 во Берово и Битола, минус седум во Скопје до минус пет во Гевгелија.

Студени утра ќе имаме до петок наредната недела кои ќе се движат од -19 до -7 во понеделник, -17 до -6 во вторник, -16 до -7 среда, -15 до -5 четврток и -12 до -4 во петок. Дневните температури во понеделник и вторник ќе бидат под нулата, а од среда ќе имаат пораст и во петок ќе стасаат до осум степени.