дома Балкан Брнабиќ на „втор шот“

Брнабиќ на „втор шот“

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, денеска ја прими втората доза од вакцината Фајзер во Институтот Торлак.

Премиерката Брнабиќ денес беше превакцинирана и по тој повод ги повика сите граѓани да аплицираат за вакцинација.

Инаку Брнабиќ ја доби првата доза на 24 декември 2020 година, со што стана првиот европски премиер вакциниран.