дома Актуелно МВР co дeтaли зa инцидeнтoт кaj Градска 6oлницa: Двe лицa пoвpeдeни, eднoтo...

МВР co дeтaли зa инцидeнтoт кaj Градска 6oлницa: Двe лицa пoвpeдeни, eднoтo нa итнa oпepaциja пopaди cepиозноста нa пoвpeдитe

МВР се огласи по повод денешниот инцидент. Од МВР потврдија дека имало инцидент и дека се случил во селото Љубош, при што повредени се две лица, од кои едното со посериозни повреди.

– Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР за инцидентот.