дома Балкан Бoг дa чyвa…: Ceмejнa дpaмa во Спилт – cин ја зaпaлил coпcтвeнaта...

Бoг дa чyвa…: Ceмejнa дpaмa во Спилт – cин ја зaпaлил coпcтвeнaта мајка во кaдa бидejќи пyшeлa цигapa

Полицијата во хрватскиот град Сплит денеска го приведе 39-годишниот Бранимир Сушиќ, обвинет за тешкото убиство на неговата мајка, 60-годишната Долорес В.

Според полициската пријава тој сопствената мајка ја запалил.  Семејната драма се случила во нивниот стан на првиот кат во неделата рано наутро. Бранимир се скарал со својата мајка поради цигара која таа отишла да ја пуши во бањата. Жената потоа е пронајдена со изгореници во кадата. Итната помош ја повикал синот, а набргу пристигнала и полицијата, пишува Далматински портал.

Никој не може да поверува што се случи. Жената живееше со овој син и со помалиот, кој лежи во затвор од летово. Двете момчиња имаа психички проблеми и конзумираа алкохол, па полицијата често доаѓаше кај нив. Помладиот беше поагресивен отколку постариот син“, изјавија станарите.

Сушиќ денес е изведен пред обвинител, а претходно ќе биде прегледан од психијатар за да утврди дали е пресметлив.