дома Политика Мицкоски: Paзoчapyвaчки e штo ЕУ cтaнyвa ce пoдaлeчна цел со Заев…

Мицкоски: Paзoчapyвaчки e штo ЕУ cтaнyвa ce пoдaлeчна цел со Заев…

Значајно е да се каже дека вчерашниот Самит на Европската народна партија е посветен на Западниот Балкан е многу значаен за регионот. Бидејќи од најголемото политичко семејство во ЕП имаме јасна и недвосмислена поддршка за регионот за целосно интегрирање на регионот во рамките на ЕУ, а ние како ВМРО-ДПМНЕ се разбира јасна и недвосмислена поддршка за следните локални избори, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вестите на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека две влијателни земји членки на ЕУ биле против дефинирање на датата односно година до која треба да се интегрира Западен Балкан во ЕУ.

-Она што можеби е разочарувачко што таму го дознав лично од претседавачот со ЕУ, премиерот на Словенија, господинот Јанез Јанша кое го кажа на состанокот е дека во суштина било потребно да се дефинира и од негова страна било предложено да се дефинира дата, односно година до која што ќе биде целосно интегриран Западниот Балкан, а тоа е 2030-тата година. Две влијателни земји членки биле против дефинирање на краен рок за интегрирање на земјите на Западен Балкан во рамките на ЕУ, да биде тоа 2030-тата година, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека за него лично ова е разочарувачки.

-Но, она што за мене е разочарувачки е дека практично сите оние лаги кои што ги живееме 52 месеци, пет години откако СДСМ и Зоран Заев се Влада во Македонија. Практично се излегува на површина. Сите ние сме сведоци дека неговото политичко функционирање се темелеше на лажна вест, сите овие 52 месеци. Нема ништо, барем сега за сега од европското образование, европското здравство, како тој што викаше европскиот сон. Туку ќе треба да се справиме со корупцијата и криминалот кои што се би рекол најголем проблем во нашето општество, појасни Мицкоски.