дома Хроника Бypнa нoќ вo Тетово: Coпpyг физички cи ja нaпaднaл coпpyгaтa – cин...

Бypнa нoќ вo Тетово: Coпpyг физички cи ja нaпaднaл coпpyгaтa – cин ce зakaнил на својот татко дeкa ќe гo y6иe

Тетовската полиција ноќеска приведе две лица кои биле пријавени за два случаи за семејно насилство. Во првиот 50-годишник физички ја нападнал сопругата, а во вториот 26-годишник му се заканил на татко си дека ќе го убие.

-Во 20 часот, на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово лишен од слобода е 50-годишниот тетовчанец Т.С, кој околу 18 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнал 44-годишната сопруга.

Во 21 часот, на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, приведен е 26-годишниот тетовчанец Џ.И, кој околу 20 часот го малтретирал и му се заканил по животот на неговиот 56-годишен татко, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

-Во текот на јануари во СВР Тетово се евидентирани шест кривични дела поврзани со семејно насилство од кои четири со нанесување телесна повреда две со загрозување сигурноста. СВР Тетово има поднесено кривични пријави за 5 сторители за тетовскиот регион, информира Јосифоски.

Во јануари има поднесено вкупно 23 поплаки за семејно насилство во кои жртвите не побарале кривичен прогон за сторителите.