дома Временска Прогноза Викeндoв нeвooбичaeнa вpeмeнcкa пpoгнoзa: Ocoбeнo иcкopиcтeтe ги дeнoвитe пpeд нac, eвe штo...

Викeндoв нeвooбичaeнa вpeмeнcкa пpoгнoзa: Ocoбeнo иcкopиcтeтe ги дeнoвитe пpeд нac, eвe штo нe oчeкyвa

Топлото време со температури до 20-тиот степен ќе се задржи и за време на викендот, но веќе од понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд.

Утре и задутре во утринските часови ќе има магла и ниска облачност по одделни котлини. Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со засилен јужен ветер и грмежи. Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне.

Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, велат синоптичарите.