дома Актуелно ВАКВО НЕШТО НИТУ СТЕ ВИДЕЛЕ, НИТУ СЛУШНАЛЕ: Двајца Македонци – Маруш и...

ВАКВО НЕШТО НИТУ СТЕ ВИДЕЛЕ, НИТУ СЛУШНАЛЕ: Двајца Македонци – Маруш и Ламјата и „Фламенко де Македонија“

Новото музичко дуо кое доаѓа од Велес е именувано Two Macedonians (Двајца Македонци). Го сочинуваат Петар Марков Маруш – Гитара, Благој Ламњов Ламјата – кларинет. Ова е нивното прво видео со наслов Flamenco de Macedonia.

Снимката за нивниот прв спот е направена „во живо“, без никаква обработка и технички студиски корекции. Како што звучиме на ова видео исто така звучиме и во живо на концерт – велат Петар и Благој.

Благој Ламњов е проверено и докажано музичко име со светски настапи. Денес живее во Шведска. Има свирено во Јапонија, Кина, САД, Канада и 20-тина држави низ Европа.

Петар Марков е млад џез музичар кој студира на музичката академија во Штип но повремено патува за Гетеборг, Шведска, каде што добива часови од Емил Ернебро, гитарист од светската класа на музичари.

https://www.youtube.com/watch?v=Q6tA4-2gJXA