дома Сцена СИТЕ СЕ ВООДУШЕВУВАА НА НЕЈЗИНИОТ ИЗГЛЕД: Но се случи гаф

СИТЕ СЕ ВООДУШЕВУВАА НА НЕЈЗИНИОТ ИЗГЛЕД: Но се случи гаф

На доделувањето на “People’s Choice Awards” Џенифер Лопез била една од најдобро облечените. Сепак, социјалните мрежи „горат“ поради гафот кој ѝ се случил на црвениот тепих. Дали рабовите на фустанот попуштиле или станува збор за нешто друго?

 


Латино дивата блескала во елегантна, црна тоалета од либанската дизајнерка Рим Акра. Предниот дел кој бил украсен со раскошни кристали одлично го истакнувал нејзиното деколте, но кога се свртела друг дел од нејзиното тело го привлекол целото внимание.


Да, и позадината, но и работ на пазувот кој судејќи според оваа фотографија попуштил. За скинатиот фустан на Џенифер Лопез сите зборуваат, а ние не сме сигурни дали навистина се скинал или едноставно така бил скроен.


Како и да е, латино дивата го поднела тоа гордо, а според нејзиното самоуверено позирање не можело да се забележи дека нешто тргнало наопаку.