дома Европа Вархеји: Лидepитe ќe пoтвpдaт дeкa ce пocвeтeни на цeлосна интеграција и членcтвo...

Вархеји: Лидepитe ќe пoтвpдaт дeкa ce пocвeтeни на цeлосна интеграција и членcтвo нa Зaпaден Бaлкaн во ЕУ

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, денеска изјави дека лидерите собрани на самитот ЕУ-Западен Балкан „ќе потврдат и јасно ќе кажат дека се посветени на целосната интеграција и членство на Западен Балкан во ЕУ“.

– Во таа насока, ние мора да ја преземеме нашата одговорност и да донесеме одлуки како што се отворање пристапни преговори со С. Македонија и Албанија, отворање кластери со Србија, забрзување на работата за кандидатурата на БиХ и визна либерализација за Косово, рече Вархеји по пристигнувањето на самитот.

– Задоволен сум од фактот дека Економскиот и инвестицискиот план, кој изнесува една третина од БДП на регионот или околу 30 милијарди евра, веќе почна да се спроведува. Тоа ќе ја забрза вистинската интеграција на општеството и економијата на Западен Балкан со ЕУ, подвлече Вархеји.