дома Хроника Пpивeдeн житeл oд тeтoвcко – пpи извpшeн пpeтpec вo нeгoвoтo вoзилo билa...

Пpивeдeн житeл oд тeтoвcко – пpи извpшeн пpeтpec вo нeгoвoтo вoзилo билa пpoнajдeнa дpoгa

Ноќва (06.10.2021) во 01.00 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Жеровјане во с.Радиовце бил лишен од слобода Е.И.(31) од с.Горно Седларце, тетовско.

При контрола на патничко возило „фолксваген голф”, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.