дома Македонија (Видео)АЛИ АХМЕТИ СЕ ИСМЕВА СО ДОГОВОРОТ И СЕ ЗАКАНУВА: Нема сила што...

(Видео)АЛИ АХМЕТИ СЕ ИСМЕВА СО ДОГОВОРОТ И СЕ ЗАКАНУВА: Нема сила што може да го спречи договорот со Грција!

Веднаш одкако по втор пат се изгласа Законот за ратификација на договорот понеѓу Атина и Скопје, лидерот на ДУИ Али Ахмети им честиташе на граѓаните на Македонија, пишува весникот Лајм.

На видео објавено на Фејсбук од страна на пратеникот на ДУИ Аран Груби, се слуша како лидерот на интегристите вели дека нема сила што ќе го спречи договорот помеѓу Македонија и Грција.

„Честитки, честитки. Овој е еден незапирлив процес. За незапирливите процеси не постои сила што може да ги запре“, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на излегување од собраниската сала. Законот се изгласа со 69 гласа ЗА и еден воздржан.