дома Македонија СТРУМИЧАНИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ПРОТЕСТ: Мицкоски повика на голем протест во недела...

СТРУМИЧАНИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ПРОТЕСТ: Мицкоски повика на голем протест во недела во 13 часот во Струмица!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните на голем протест во недела во 13 часот во Струмица.

-Јас како и многумина од ВМРО-ДПМНЕ сме одлучни дека ќе одиме до крај и нема назад се до конечната победа која ќе и донесе победа на Македонија. Време е да се чуе нашиот заеднички глас и затоа продолжуваме со борбата за Македонија. И затоа Ве повикувам на протестен марш во Струмица, во Недела со почеток во 13 часот, собирно место во паркот во Струмица по шеталиштето па се до општината Струмица, изјави Мицксоки.

Струмичани веќе на големо се подготвуваат за овој протест, каде како што кажаа од опозициската партија граѓаните ќе го изразат својот револт против капитулантскиот договор за името со Грција, против катастрофалните економски политики на власта, како и против сите други работи од кои се незадоволни.