дома Политика (Видео)АМДИ БАЈРАМ МУ ГО КАЖА ПЛАНОТ НА ЗАЕВ: За Зајко спремам кафез...

(Видео)АМДИ БАЈРАМ МУ ГО КАЖА ПЛАНОТ НА ЗАЕВ: За Зајко спремам кафез од три метри!

Специјален кафез спремам за еден зајак од три метри, ќе го донесам на бина, на најголемиот митинг и ќе му покажам каде се наоѓа тој зајко, каде му е местото. Таму му е местото, а не да биде премиер на Македонија. Каков премиер, какви бакрачи, порача Бајрам во негов стил од Охрид

На 11 декември, специјален кафез спремам за еден зајак од три метри, ќе го донесам на бина, на најголемиот митинг и ќе му покажам каде се наоѓа тој зајко, каде му е местото. Таму му е местото, а не да биде премиер на Македонија. Каков премиер, какви бакрачи.

Ова го истакна пратеникот Амди Бајрам од Сојузот на ромите кој вчера држеше краток говор на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. Бајрам, во негов стил, не избираше зборови со кои распали по лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и против хулиганите на т.н. „Шарена револуција“.

– Нема да му дозволиме на еден Заев, на еден платеник од странство, да ни ја води државата. Овие луѓе овде се паметни луѓе кои можат да ја водат Македонија, на чело со Никола Груевски кој ни донесе толку многу инвестиции во Шутка – беше категоричен пратеникот на ромите.