дома Локално РЕАЛНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ: 3,5 километри пат ќе скрати 25 километри вртење...

РЕАЛНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ: 3,5 километри пат ќе скрати 25 километри вртење од Карбинци до Облешево

3,5 километри асфалтен пат ќе ги поврзува општините Карбинци и чешниново Облешево. Станува збор за патниот правец од Аргулица до Бурилчево, чие што асфалтирање е во завршна фаза:

Се скратуваат дваесет и повеќе километри за граѓаните кои гравитираат околу Чешиново-Облешево, Кочани и останатиот дел од регионот, нагласи Зоран Минов, градоначалник на Карбинци
Градоначалникот на Чешиново-Облешево, Костадин Личков, изјави:

Веќе продолживме и кон општина Зрновци, го направивме патот од Теранци кон Видовиште, а се работи и на мрежата на патишта меѓу останатите населени места на коридорот од општина Виница до општина Штип.
Делницата Аргулица – Бурилчево конечно ги поврза блиските, а инфраструктурно многу далечни општини Карбинци, Чешиново Облешево и Зрновци, но и создаде услови за понатамошно намалување на растојанијата.

Овој пат претставува една нова сообраќајна алтернатива, која ќе поврзува десетина села во подножјето на Плачковица, изјави Блаже Станков, градоначалник на Зрновци.
Кратењето на растојанието најмногу им значи на овдешните земјоделци и сточари, зашто на овој начин им се крати патот до пазарите:

Растојанието кое порано изнесуваше 40 километри во двата правци, сега се намали на само 25, изјави жител на Бурилчево.
Асфалтот до Аргулица до Бурилчево е дел од еден погоем патен правец во должина од 35 километри кој треба да поврза 8 села од четири општини од регионот.