дома Македонија (Видео)БОЖЕНСТВЕНО: Литија во Скопје во пресрет на утрешниот празник Раѓање на Мајката...

(Видео)БОЖЕНСТВЕНО: Литија во Скопје во пресрет на утрешниот празник Раѓање на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничка на Скопје

Вечерва во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје се одржа литија по улиците во центарот на Скопје.

Утре, на денот на празникот, ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 7.30 часот, а потоа и света литургија во 9 часот.

Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја –  заштитничката на градот Скопје.