дома Актуелно ЗАЕВ ГИ ОСЛОБОДИ НАСИЛНИЦИТЕ И КРИМИНАЛЦИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: Бајруш...

ЗАЕВ ГИ ОСЛОБОДИ НАСИЛНИЦИТЕ И КРИМИНАЛЦИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: Бајруш од кафана го поздравува Заев

Тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, кој деновиве беше пуштен од затвор поради наводни здравствени проблеми, синоќа од кафеана во Куманово порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор.

Во понеделникот на пладне, од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Бајруш Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување.

-Куманово е плаво за живот во Р.М. Да живее Зоран Заев, порачува Бајруш Сејдиу.

Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Привремениот прекин е од медицински причини, кои очигледно немаат допирна точка со реалната здравствена состојба на тутунскиот бос.

Бајруш Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години. Веднаш по неговото ослободување, како и она на Агим Красниќи, јавноста коментираше дека Владата ги ослободува Сејдиу и Красниќи, а за возврат очекува нивна помош во правење на изборни нерегуларности на локалните избори.