дома Македонија (Видео)ДЕСЕТИЦИ ГРАЃАНИ ДОЦНА ВЕЧЕРВА НА ПЛОШТАДОТ: Не веруваат на демантот на Владата,...

(Видео)ДЕСЕТИЦИ ГРАЃАНИ ДОЦНА ВЕЧЕРВА НА ПЛОШТАДОТ: Не веруваат на демантот на Владата, го чуваат споменикот од „шверцерски“ обид за отстранување

И покрај обидот за смирување на јавноста, десетици граѓани доцна вечерва се собраа на плоштадот Македонија, како што велат, во „стража“ на споменикот на Александар Македонски

 

Бугарскиот кран, со капацитет од повеќе од 80 тони кој доцна синоќа пристигна во Македонија ја разбранува Македонската јавност, поради претпоставката дека истиот е довезен со цел отстранување на споменикот на Александар Македонски на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Голем број на граѓани попладнево и доцна вечерва се на плоштадот во стража на споменикот, за да не се случи она што се случи со споменикот на Ќосето, кој беше „шверцерски“ отстранет велат присутните.

Од владата на Р.Македонија демантираа било каква намера дека вечерва ќе се отстранува споменикот, но граѓаните очигледно не веруваат во искреноста на владината администрација.

Репортер
Борислав Стоилковиќ