дома Временска Прогноза НАМЕСТО ПРОЛЕТ, СНЕГ И ЗИМСКИ ТЕМЕПРАТУРИ: Рано изутринава нови наноси на снег,...

НАМЕСТО ПРОЛЕТ, СНЕГ И ЗИМСКИ ТЕМЕПРАТУРИ: Рано изутринава нови наноси на снег, Метеоларам издаде жолто предупредување

Врнежи од снег ја зафатија Македонија рано изутринава околу 03.00 часот по полноќ, со снежни наноси кои нанесоа околу 10цм нова снежна покривка за само неколку часа во Маврово и на Попова Шапка

Снег паѓа и во западниот дел на Македонија, а бела покрива го покри и Скопје.

Температурата во главниот град се движи околу 0 степени целзиусови, со силина на ветрот од максимални 6 км/час.

Европскиот Метеоаларм издаде и жолто предупредување за Македонија, со назнака за внимание од појава на мраз на патиштата, но и засилен ветер и зголемени врнежи од снег.
Според Акуведер.ком, до петок се очекува на планините да наврне околу 40цм снежен нанос.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.