дома Социјални Мрежи (Видео)И РЕМЕНСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО: Навреди и пцости кон насобраниот народ кој протестираше...

(Видео)И РЕМЕНСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО: Навреди и пцости кон насобраниот народ кој протестираше пред домот на Ременски

Заканите на Фросина Ременски, навредите кон насобраниот народ и откажувањето од сопствената националност не престана само со објавите на Фросина Ременски. Веднаш по неа, видео, но од другата страна на протестот објави и нејзиниот сопруг Јовче Ременски кој упати низа на навреди на сметка на насобраниот народ

 

На ваквото однесување на Ременски, реагираше и некогашната „шарена револуционерка“, новинарката Јорданка Ивановска – Јоци, која на својот ФБ профил напиша:

“Фросина Ременски се налутила. И’ протестирале десетина луѓе пред куќа, ја навредувале. Викнала полиција, ќе тужела…не бил пријавен протестот.
Фросина, викни водени топови, маци.
Никако лабаво ! Нае*и им се мајка. Како викаше Горде, власт си или што !?

Пошто, ние кога протестиравме против Грујо, пред станот му, и толпата го пцуеше, тоа се викаше романтика, а претходно се најавивме со таксена марка.

Само остро, Фрос. Заеби демократија.
Они на тебе.“ – напиша Јоци.

Веднаш потоа следеше и снимка која ја објави Јовче Ременски, но од другата страна на протестот, а јасно може да се слушне како го навредува народот.

„На луѓе не личите“, „Уште малку погласно“, „Пијаници“ беа дел од навредите.

За протестот, Ременски ја обвини, кој друг ако не опозицијата, нарекувајќи го насобраниот народ „фашисти“, а во исто време барајќи од полицијата да го забрани правото на мирен протест на граѓаните пред кои таа е одговорна.