дома Македонија ЗАКАНИ ДО ДОКТОРИТЕ ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА: Или ќе ги носат двојазичните униформи,...

ЗАКАНИ ДО ДОКТОРИТЕ ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА: Или ќе ги носат двојазичните униформи, или ќе летаат од работа!

Закани со казнување на плата, бркање од работа и деградирање на работното место добиле и лекарите во Гостиварската болница ако одбијат да ги облечат новите двојазични униформи, информираат за „Инфомакс“ извори во болницата. 

 

„Мораш да ја облечеш униформата, ако сакаш уште да носиш леб дома“ – сведочи еден од лекарите вработени во болницата во Гостивар, кој сакаше да остане анонимен, објаснувајќи дека ако го открие идентитетот веднаш ќе биде избркан од работа, бидејќи веќе е во судир со болничкото раководство поради униформата.

Двојазичните униформи се дел од пакетот на „реформи“ кои се предвидуваат во законот за двојазичност кој иако силеџиски изгласан, сеуште не стапил на сила поради тоа што претседателот на државата одбива да го потпише (обзнани).

Двојазични униформи ќе добијат и полицијата, војската, противпожарните единици, поштите и сите останати јавни служби. Освен униформите, двојазични ќе бидат и банкнотите, поштенските марки, обрасците во државните институции итн.