дома Актуелно (Видео)РУСИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА: Конвој хуманитарна помош, екипа специјалци, санитетски и теренски...

(Видео)РУСИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА: Конвој хуманитарна помош, екипа специјалци, санитетски и теренски возила!

По неколкуте „ненамерни“ сопки и одложувања, денес во Македонија конечно пристигна конвојот со хуманитарна помош од Руската Федерација на барање на Владата на Р.Македонија

 

 

Пет шлепери полни со опрема, храна и други продукти неопходни за олеснување на последиците од поплавата која го зафати Скопје на почетокот на Август денес преку граничниот премин Деве Баир влегоа во Македонија. Конвојот е составен од пет камиони со опрема и помош, една екипа на специјалци обучени за вакви стиуации и оперирање со опремата, санитетско возило и неколку теренски возила.

Како што соопшти командантот на конвојот, патот поминал без некакви поголеми пречки, а траел шест дена од кои два на море. Имено, конвојот се качи на траект во Руското пристаниште на Црното Море „Новоросиск“, а по два дена на море патот по копно кон Македонија го продолжија од бугарското пристаниште во Бургас.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– По барањето до Владата на Руската Федерација, денес пристигна хуманитарната помош за нашиот братски народ од Македонија наменета за настраданите во  поплавите. Во составот на хуманитарната помош се наоѓаат генератори за струја, пумпи и останата неопходна помош.  Патот помина без поголеми проблеми. Руската Федерација не можеше, а да не одговри на барањата за помош на настраданите во поплавите на нашиот братски народ во Македонија – изјави командантот на конвојот Максим Казаков.

 

[/kopa_block_quote]

 

Репортер:
Борислав Стоилковиќ