дома Балкан СТРАШНИ ПОПЛАВИ ВО ХРВАТСКА: Метеоролозите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа

СТРАШНИ ПОПЛАВИ ВО ХРВАТСКА: Метеоролозите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа

Многу грмотевици, обилни врнежи и силни ветрови го зафатија целиот брег на Истра, на приморјето во Хрватска. Најпогоден од невремето е Пореч, каде што веќе ги поплави патиштата, многу автомобили и угостителски објекти.

Според информациите на „Истра.нет“ во многу краток временски период после 13 часот наврна многу силен дожд.

Метеоролозите најавуваат дека најлошото допрва доаѓа и дека најголемата количина на врнежи доаѓа во попладневните и вечерни часови.