дома Временска Прогноза (Видео)СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ОХРИД: Пороен дожд, силен ветер и грмотевици го поплавија...

(Видео)СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ОХРИД: Пороен дожд, силен ветер и грмотевици го поплавија Охрид

Силно невреме го погоди Охрид нешто по 14:30 часот. Предизвика потешкотии во сообраќајот, но и сериозни проблеми за граѓаните кои живеат во пониските делови на градот. – пренесе локалниот портал ОхридПрес

Репортерите на Супер радио и OhridPress регистрираа високо ниво на вода на улиците. Забележително беше дека мрежата не може да ја прими водата и беше забележително дека истата се враќа назад на коловозите.

Во стариот дел на градот, во најниските делови, најголеми проблеми, веќе традиционално имаат угостителските објекти кои се на првата линија.