дома Социјални Мрежи НОВ СКАНДАЛ: Катица Јанева си ја вработила во СЈО девојката на синот!

НОВ СКАНДАЛ: Катица Јанева си ја вработила во СЈО девојката на синот!

СЈО и Катица Јанева веќе одамна се предмет на потсмев во јавноста откако во повеќе наврати се докажа и покажа дека единствената цел на обвинителството прогон на политичките противници на Заев.

Во обвинителството имаше повеќе слуачи на непотизам и вработени деца и роднини на високи државни и партиски функционери на СДСМ, но сега контроверзниот Зоран Божиновски открива нов скандал.

Имено сопственикот на порталот Буревесник Зоран Божиновски на својот Твитер профил ја обвини Катица Јанева дека во СЈО ја вработила девојката на својот син. За крај прашува кои услови ,,Магде’’ ги исполнува за да биде вработена и дали доколку раскине со нејзиниот син ќе добие отказ.