дома Актуелно (Видео)СО ЦИСТЕРНА ВЛЕТА МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Инцидент на протестот во Минеаполис, САД –...

(Видео)СО ЦИСТЕРНА ВЛЕТА МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Инцидент на протестот во Минеаполис, САД – возач на цистерна влета во толпата демонстранти

Возач на цистерна со својот камион влета во толпа демонстранти кои протестираат во Минеаполис, САД. Инцидентот се случил на автопатот 35В, а за среќа никој не е повреден откако демонстрантите го избегнуваа камионот со по неколку центиметри.

Иако нема повредени демонстранти, возачот на камионот е тешко повреден откако беше изваден од возачкото седиште и натепан од гневните протестирачи.

Според информациите на локалните медиуми, возачот е притворен.