дома Македонија МВР: 585 прекршувања на мерките за заштита од пандемијата за едно деноноќие

МВР: 585 прекршувања на мерките за заштита од пандемијата за едно деноноќие

Министерството за внатрешни работи во континутитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19.

Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 4694 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 585 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 186 лица им се издадени решенија на изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин спроведени се 52 лица.