Тензична ситуација во Струга, искршен штабот на Алијанса за Албанците, пренесува порталот на албански јазик Алмакос
На бандитски начин по наредба на Рамиз Мерко, денеска во околу 10:30 часот искршен е зидот кој го дели објектот на општината и штабот Алијансата за Албанците.
Овој начин на дејствување на Рамиз Мерко е познат од порано, бидејќи овој човек е експерт за узурпација на имоти и дивоградби.
Им укажуваме на Рамиз Меркос дека проблемите што ги има со македонските партнери не може да ги дефокусира и да се одмаздува кај албанците.
Ние ќе ги следиме сите правни начини за одбрана на штабот и членството на Алијансата. Плановите на Мерко и фамилијата не може да бидат на грбот на Алијансата и нејзините членови “- реагираат од АА-Струга.