дома Македонија ОД „АКТОР“ СЕ ИЗВИНУВААТ: Со автобуси ги носеле гостите и функционерите на...

ОД „АКТОР“ СЕ ИЗВИНУВААТ: Со автобуси ги носеле гостите и функционерите на чочек во тунелот, се извинија ако погрешно биле разбрани

Од грчката компанија АКТОР која ја градеше автопатската делница од Демир Капија до Смоквица велат дека тие ја организирале прославата со жива музика и чочеци по повод отворањето на автопатот. Видеото предизвика бројни негативни коментари на социјалните мрежи.

„Вчера АКТОР организираше прослава на отворањето на патот Демир Капија-Смоквица. Настанот започна во кампот во Демир Капија и во тунелот и траеше кратко време. Целиот настан беше организиран од АКТОР. Во него учествуваа вработените, супервизорите и добавувачите од земјата. Сите луѓе дојдоа со автобус организирани од АКТОР. Сите гости отидоа со автобус од кампот во тунелот и по кратко време се вратија назад во кампот за да продолжат. Се извинуваме ако ова беше погрешно разбрано“, стои во реакцијата од АКТОР испратена до порталот „Либертас“.