дома Свет (Видео) Британскиот министер за здpaвство, задолжителнат вakцинација нема да успее и е...

(Видео) Британскиот министер за здpaвство, задолжителнат вakцинација нема да успее и е нeeтичка

Секретарот за здравство на Обединетото Кралство изјави дека „нема интерес“ да донесува закони за задолжителни вакцини против Ковид, опишувајќи ја таквата политика како „неетичка“.

Во интервју за Би-Би-Си, Саџид Џавид рече: „Мојот став е дека тоа е неетичко, а исто така на практично ниво не би функционирало“.

Џавид додаде: „Ако ме прашувате за универзалната задолжителна вакцинација, каква што некои земји во Европа рекоа дека спроведат , на практично ниво, јас едноставно не мислам дека тоа би функционирало. Вакцинирањето мора да биде позитивен избор“.

Коментарите доаѓаат еден ден откако премиерот Борис Џонсон рече дека „ќе дојде точка“ за „национален разговор“ за задолжителните вакцини.