дома Хроника Kpивична за четворица тетовчани поради нeдозволeно изработување, држење и тргување со огнeно...

Kpивична за четворица тетовчани поради нeдозволeно изработување, држење и тргување со огнeно opyжје и незakoнит лoв

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(30), Б.Е.(36), А.С.(21) и И.Р.(23), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“ и „незаконит лов“.

На 15.05.2021 на место викано „Три води“, полициски службеници ги затекнале пријавените во викенд куќа со ловечко огнено оружје.

Б.Б бил затекнат со карабин „Сава Крањ“ калибар 8,57 мм со три куршуми, за кое не поседувал дозвола, Б.Е бил затекнат со ловна пушка „Ата Армс“ калибар 12 мм, футрола во која имало 37 патрони, пиштол „Glock“ калибар 9,19 мм со 16 куршуми, А.С. бил затекнат со ловечки нож со сечиво од 15 см, а со намера на ловиштето „Љуботен“ да ловат дивеч за време на „ловостој“.