дома Балкан (Видео) Во Сплит ekcплодиpaла бomба пocтавена пoд aвтoмобил

(Видео) Во Сплит ekcплодиpaла бomба пocтавена пoд aвтoмобил

Синоќа во Сплит имало експлозија откако била подметната бомба под возило. Како што вели полицијата, експлозијата се случила околу 1 часот.

Едно лице (38) побарал здравствена помош, иако подоцна беше потврдено дека не бил повреден. Во експлозијата настрадале и уште неколку автомобили кои биле паркирани во близина.

Полициската истрага е во тек.

„Полицијата го осигураа местото на настанот и ќе направат увид. Околу случајот е надлежно државното обвинителство и во тек е криминалното истражување“ изјавија од полициската управа на Сплит.

Како што пренесува Далматински портал, лицето на кое му припаѓало возилото, од порано и е познат на полицијата по разни казнени дела, а пред шест години бил брутално претепан од тројца напаѓачи во центарот на Сплит.

Видеото можете да го погледнете тука.