дома Здравје Германски експерт: Делта cojoт е пo3apa3eн, но cmpтноста е пomaла

Германски експерт: Делта cojoт е пo3apa3eн, но cmpтноста е пomaла

Експандирачката Делта варијанта на коронавирусот во однос на смртноста е веројатно помалку опасна од другите соеви, иако е околу 60 проценти позаразна

Се знае дека Делта варијантата се пренесува полесно, таа е веројатно околу 60 % позаразна, но во поглед на смртноста, таа е веројатно помалку опасна од други мутации на коронавирусот, смета генералниот секретар на Германското друштво за детска и младинска медицина, Буркарт Родек.

Германскиот експерт ова го изјави денеска во Бундестагот каде се расправаше на тема училиштата и пандемијата. Родек истакна дека податоците се базираат на привремени сознанија од Велика Британија, каде Делта варијантата е широко распространета.

Во однос на децата постојат само ограничени податоци, рече експертот, дополнувајќи: „Досега не се регистрирани стационарни згрижувања на деца како последица од инфицирање со Делта вирусна варијанта“. Родек советува внимателен приод и избегнување на ширење алармирачки вести за Делта сојот во различни места во Германија, додека не се соберат доволно информации за фактичката опасност на мутацијата кај деца. Тој пледира и за вршење ПЦР тестови во школите како најсигурно средство за спречување на зараза меѓу учениците, кај кои болеста најчесто не се манифестира со симптоми.

Поради Делта сојот, повторно рестрикции за луѓето кои влегуваат во Германија?

Вакцината на Бионтек и Фајзер е ефикасна и против Делта сојот на коронавирус

Колку навистина е опасна Делта-варијантата на коронавирус?

Уште еден стручњак предупредува од ширење паника во Германија заради Делта варијантата. Шефот на сојузното здружение на државните здравствени осигурувања, Андреас Гасен, реакциите на ширењето на Делта варијантата ги смета за несразмерни и делумно дури за хистерични.

„Неодговорно е постојаното оперирање со апокалиптички сценарија. Населението има право да биде информирано за најновите развои на пандемијата, но и на рекција со соодветна смиреност и претпазливост“, истакнува Гасен.

Неговите проценки се дека Делта варијантата уште до крајот на јули ќе биде доминантна во Германија. Неговиот став гласи: Делта е полесно пренослива, но постојните сознанија упатуваат на тоа дека е многу понеопасна од досегашните варијанти.