Вулкан еруптираше на еден од Канарските острови – островот Ла Палма во Атлантикот, а шпанските власти денеска започнаа со евакуација на луѓе кои се помалку подвижни, бидејќи експертите издадоа предупредување за посилни земјотреси и постојана опасност од вулкански ерупции.
Boom!
Nature at its full.
Volcano eruption in La Palma, live.https://t.co/me8YXfyk5D— Airán Ródenas Seguí (@AiranRodenas) September 19, 2021
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат голем облак од темно чад што излегува од вулкан на Ла Палма.
Претходно денеска, властите наредија евакуација на жителите кои се помалку подвижни од селата во близина на центарот за сеизмичка активност како превентивна мерка.
Денеска на островот е регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.
Научниот комитет на Планот за превенција од ризик од вулкан изјави дека најверојатно ќе се почувствуваат посилни земјотреси и би можеле да предизвикаат оштетување на зградите.
Итните служби добија наредба да се подготват за евакуација на околу 1.000 луѓе, доколку е потребно, соопштија властите.