дома Балкан Tpaгедија: Пoчинa 16 годишен фудбалер за време на натпревар во Белград

Tpaгедија: Пoчинa 16 годишен фудбалер за време на натпревар во Белград

Шестнаесетгодишно момче ненадејно почина на терен за време на фудбалски натпревар во Белград, објавија регионалните медиуми. За време на натпреварот меѓу кадетските екипи на „Бараево“ и тимот „011“, на еден од играчите му се слошило за време на играта, а по реанимацијата лекарите констатирале смрт.

Само излезе од теренот и падна. Сите сме ужасно потресени од трагедијата што се случи и не можам да кажам многу повеќе, изјавил млад фудбалер од тимот „011“.

Според очевидци, момчето го напуштило теренот и паднало. И покрај обидите на лекарите за реанимација, момчето починало.