дома Русија (Видео) Израел пoгoди подморница на Хамас

(Видео) Израел пoгoди подморница на Хамас

Беспилотно летало од израелската морнарица погоди група припадници на армијата Хамас кои беа сместени во „подморница“ на бреговите на Средоземното море, објави прес-службата на армијата.

“Неколку осомничени беа забележани на брод кој наводно бил подводно оружје на Хамас. Бродот се движел кон крајбрежјето, наводно за да изврши терористички напад во израелските води. Пред извесно време, еден (израелски) воен брод и израелски авион изврши напад врз подморницата со цел да се елиминира заканата“, се вели во соопштението.
Израелските одбранбени сили објавија видео од нападот на море, за кое тврдат дека е направен денес. Како што наведоа, снимката покажува уништување на самоодна подморница.

Најмалку 145 Палестинци, од кои 41 дете и 23 жени, беа убиени во седумдневните израелски воздушни напади на Појасот Газа, а осум Израелци, меѓу кои и едно петгодишно дете и еден војник, беа убиени во ракетните напади на Хамас врз израелските градови.