дома Политика Костов: СДСМ на вчерашниот конгрес го достигна „врвот“ на демократијата

Костов: СДСМ на вчерашниот конгрес го достигна „врвот“ на демократијата

Во денешното издание на емисијата „Само Вистина“ аналитичарот Сотир Костов говореше за неколку актуелни теми меѓу кои и вчерашниот Конгрес на СДСМ, на кој, како што иронично искоментира Костов, СДСМ го достигна ‘врвот’ на демократијата бидејќи целиот конгрес поминал без расправа и само со прифаќање на предлозите.

„СДСМ вчера го достигна ‘врвот’ на демократијата. Имаше за едно место по пет кандидати, за потпретседателите имаше по десет, … Тоа беше избор без избор. Ниту од општинските организации имаше предлози. Јас мислам дека вчера се случи еден синдром, тоа се вика Саргашко море, тоа е едно море кај Средна Америка во кое нема струи, нема движења, и кој брод ќе влезе, не може да излезе. Е тоа му се случи вчера на СДСМ. Тие покажаа монолитна политика, без расправа, без борба на мислење, само со кревање на зелени картончиња. таква политика јас сум видел само во комyнизмот. Членството на Црвенковски е замрзнато, Пендаровски е дистанциран, Шекеринска е елиминирана со насмевка на лицето. Тоа е една ‘идеална’ демократија“, коментираше Костов.