дома Свет (Видео) Најмалку 29 загинаа во земјотресот на Хаити

(Видео) Најмалку 29 загинаа во земјотресот на Хаити

Најмалку 29 луѓе загинаа во земјотресот од 7,2 степена по Рихтер на Хаити, соопштија властите.

Во земјотресот во 2010 година на Хаити загинаа над 220.000 лица.

Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степена по Рихтер го погоди денеска западниот дел од Хаити. Епицентарот е на 10 км длабочина, 100 километри западно од главниот град Порт-О-Пренс.

Земјотресот беше почувствуван насекаде низ Хаити, Јамајка и Доминиканска Република.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.