дома Спорт Гордост за Македонија: Кадетките со убедлив триумф – прво место на Челинџерот

Гордост за Македонија: Кадетките со убедлив триумф – прво место на Челинџерот

Женската кадетска репрезентација на Македонија на одличен начин го заврши настапот на Челинџерот во Тбилиси.

По вчерашната убедлива победа од 70 поени над Ерменија, денеска во последното коло избраничките на селекторот Никола Златев славеа со 104-36 и над домаќинот Грузија.

Со овој триумф младите македонски кошаркарки завршија на првото место на турнирот со максимален учинок од четири убедливи победи и тоа против Грузија, Ерменија, Албанија и Малта.